Линија Herbalife SKIN - нега на кожата со билки за секојдневна употреба

ПРОИЗВОДИ СО БИЛНИ СОСТОЈКИ ЗА НЕГА НА КОЖАТА СО ДОКАЖАНИ РЕЗУЛТАТИ

Herbalife SKIN е комбинација од формула, квалитет и докажани резултати во сенаменска линија за нега на кожата. Интелигентен начин на исхрана однадвор што ја прави кожата да изгледа свежо и подмладено. Без додадени парабени или сулфати,**** нашите производи се формулирани со билки и витамини за да го подобрат изгледот на кожата. Со состојки како што се алоја вера, витамин Ц, Е и Б3, нашата клинички тестирана линија Herbalife SKIN ја прави кожата помека, помазна и поблескава.*

ВРВНА РУТИНА ЗА НЕГА НА КОЖАТА ВО 5 ЧЕКОРИ

  1. ЧИСТЕЊ
    Најпрвин она што е најважно – првиот чекор во нега на кожата е чистење. Лосионите за чистење лице се наменети да ги отстранат вишокот маснотии, нечистотии и шминка пред да го тонираме и хидрираме лицето. Линијата Herbalife SKIN содржи разновидни производи за чистење лице, формулирани со билки и состојки за длабинско чистење, за да одговара на сите типови кожа. Изберете Смирувачки Гел за Чистење од Алоја, Цитрусен Гел за Чистење и за Измазнување на Кожата, Ексфолијант од Бобинки што Веднаш ја Прави Кожата Помазна или Маска за Прочистување од Глина и Нане.

  2. ТОНИРАЊЕ
    Најчуваната тајна во нега на кожата е по чистење на лицето да се користи тоник. Тонирањето помага да се хидрира и да се освежи млитавата кожа, а притоа ја подготвува за подобра апсорпција на серуми. Освежителниот Тоник од Билки е со нежна и пријатна формула, не содржи алкохол, а содржи алоја вера и витамини Б3, Ц и Е.

  3. ТРЕТИРАЊЕ
    Следен чекор во нега на кожата е да ја намалиме појавата на ситни линии** и да ја направиме кожата помека. *** За да го постигнеме ова, треба да користиме серум што е богат со активни состојки. Го создадовме Серумот за Намалување Брчки формулиран со витамин Б3, антиоксидансни витамини Ц и Е, алоја вера и екстракт од семе на костен. Нашиот лесен серум ви помага да забележите подобрување кон поблескава и посјајна кожа.***

  4. НАМЕНСКА НЕГА
    Кожата околу очите е особено деликатна и чувствителна и е склона на сушење. Во овој чекор ќе се фокусираме како правилно да ја нахраниме кожата под очите. За ова ни се многу практични кремовите и геловите за пределот околу очите. Производите за нега на кожата околу очите од линијата Herbalife SKIN – Гелот Што Го Зацврстува Пределот Околу Очите и Хидрантниот Крем за Пределот Околу Очите – се формулирани со алоја вера, со екстракт од краставица и витамини што помагаат за да се подобри целосниот изглед на пределот околу очите.*

  5. ХИДРАЦИЈА
    Од голема важност е да се користи хидрантен крем зашто ѝ дава сјај на кожата и ја прави помека и помазна.*** Со Дневниот Хидрантен Крем што Дава Сјај ја одржувате кожата свежа и хидрирана во текот на целиот ден. Што се однесува до рутина за нега на кожата навечер, неопходно е да користите Ноќен Крем за Обновување на Кожата за да ѝ ја обезбедите потребната хидрација на кожата во текот на ноќта. За заштита на кожата од УВ-А/УВ-Б зраците, користете и Заштитен Хидрантен Крем cо Заштитен Фактор 30.

  6. НАШАТА ФИЛОЗОФИЈА ЗА НЕГА НА КОЖАТА
    Дајте ѝ на кожата исхрана каква што заслужува. Сите Herbalife SKIN производи се формулирани со билни состојки, моќни антиоксиданси и клучни витамини и минерали.  Врвна, висококвалитетна исхрана е во центарот на сè што правиме.

Линија Herbalife SKIN - производи за нега на кожата формулирани со клучни витамини

НАШАТА ФИЛОЗОФИЈА ЗА НЕГА НА КОЖАТА

Дајте ѝ на кожата исхрана каква што заслужува. Сите Herbalife SKIN производи се формулирани со билни состојки, моќни антиоксиданси и клучни витамини и минерали.  Врвна, висококвалитетна исхрана е во центарот на сè што правиме.

Линија Herbalife SKIN - едноставна нега на кожата

НАШАТА БИЛНА ФОРМУЛА ЗА НЕГА НА КОЖАТА

Едноставна нега на кожата. Ја креираме линијата Herbalife SKIN со уникатна мешавина од хидрирачки билки, антиоксидансни витамини и клучни минерали. Сите наши кремови, серуми, гелови и хидрантни кремови за лице се клинички тестирани и докажано помагаат за оптимални резултати, меѓу другото и помека, помазна и поблескава кожа.***

ЧЕСТИ ПРАШАЊА

П1: Како да знам дали имам нормална до сува кожа?

Ако кожата ви е нормална до сува, ќе имате суви делови каде што кожата се лупи, површината ќе ви биде млитава и ситните брчки ќе бидат повидливи, особено оние околу очите и над устата. Кога кожата ја чистите грубо и кога е изложена на студено време или на топлина во затворен простор или на пустинска клима, ќе биде затегната и чувствителна. За среќа, на луѓето што имаат нормална до сува кожа не им излегуваат акни и флеки. Ако имате нормална до сува кожа, користете го Herbalife SKIN Смирувачкиот Гел за Чистење од Алоја како дел од вашата рутина.

П2: Како да знам дали имам нормална до мрсна кожа?

Нормалната до мрсна кожа има непријатен сјај, особено во Т-зоната (помеѓу носот, брадата, челото и образите). Овие делови имаат повеќе масни жлезди од другите делови на лицето и затоа се помрсни и на нив почесто се појавуваат акни. Порите се повидливи, флеките се поизразени и лицето е почувствително на јаки лосиони за чистење лице со алкохол што ја сушат кожата. Ако имате нормална до мрсна кожа, користете го Herbalife SKIN Цитрусниот Гел за Чистење и за Измазнување на Кожата.

П3: Дали треба да користам хидрантен крем ако имам мрсна кожа?

Со еден збор, да! Кожата мора да биде правилно хидрирана за најдобро да ја врши својата функција. Дури и најмрсната кожа може да биде недоволно хидрирана. Без оглед на типот кожа, хидрацијата е неопходен чекор за здрава кожа и треба да ја практикувате секое утро и секоја вечер пред да си легнете. Линија Herbalife SKIN содржи Цитрусен гел за чистење и за измазнување на кожата формулиран за нормална до мрсна кожа.

П4: Кога треба да користам серум? Дали е подобро да го користам пред или по ноќниот крем или дневниот лосион?

Серумот секогаш се користи ПРЕД хидрантен крем. Серумите обично имаат полесна текстура и густина. Формулирани се така што состојките навлегуваат подлабоко во кожата од состојките на голем дел од хидрантните кремови. Затоа е важно прво да нанесете серум, па потоа ноќен или дневен крем. За да постигнете најдобар резултат не заборавајте да ја исчистите и тонирате кожата пред да нанесете серум.

П5: Зошто е важно да користам ноќен крем?

Клетките на кожата се регенерираат побрзо од останатите клетки во телото. Најголем дел од процесот на репродукција на клетки се случува додека спиеме. Во овој период телото ја поправа штетата што била направена во текот на денот. Преку овој процес се создаваат нови клетки, па затоа е задолжително да користиме ноќен крем збогатен со витамини и нутриенти за да го олесниме обновувањето и за да се создадат здрави клетки. Нашата линија Herbalife SKIN содржи ноќен крем богат со антиоксиданси што одговара за сите типови кожа и помага во борбата против знаци на стареење.

П6: Дали може да користам Гел што го зацврстува пределот околу очите и Хидрантен крем за пределот околу очите во исто време?

Секој производ е развиен за нега на одредена функција на кожата. Гелот што го зацврстува пределот околу очите ја зацврстува кожата околу очите, додека Хидрантниот крем за пределот околу очите ја обезбедува потребната хидрација и помага да се намали појавата на ситни линии и брчки. За максимален корисен ефект, практикувајте рутина каде наутро ќе користите Гел што го зацврстува пределот околу очите, а навечер Хидрантен крем за пределот околу очите. Меѓутоа, ако сакате да ги користите во исто време, прво нанесете гел, почекајте една минута или додека да се исуши и потоа нанесете крем.

П7: Која е разликата меѓу Гелот што го зацврстува пределот околу очите и Хидрантниот крем за пределот околу очите?

Гел за пределот околу очите генерално се користи во текот на денот за да го освежи пределот под очите, а притоа создава пријатен ефект на ладење што ја освежува деликатната кожа и ѝ дава енергија. Herbalife SKIN Гелот што го зацврстува пределот околу очите помага за зголемување на еластичноста на кожата. Крем за пределот околу очите може да се користи во текот на денот или на ноќта, но генерално се користи пред спиење. Кремот за пределот околу очите има побогата текстура од гелот и обезбедува подобра хидрација и витамини. За одлични резултати пробајте ги Herbalife SKIN Гелот што го зацврстува пределот околу очите и Хидрантниот крем за пределот околу очите.ne rezultate.

П8: Зошто треба да правам ексфолијација?

Кај секој човек природно се одвива ексфолијација. Всушност, околу милион клетки на кожата се отстрануваат секоја минута. Овој процес може да го олесниме ако користиме ексфолијант. Кожата кај тинејџерите комплетно се регенерира на секои 14 дена. Но, во периодот додека да стигнеме на возраст од 40 години, времетраењето на овој процес се зголемува на 30-40 дена, што резултира со сува кожа со пепеласта или со нееднаква боја. Правилната ексфолијација го намалува времето што клетките го поминуваат на површината на кожата. Честичките за ексфолијација ги отстрануваат сувите мртви клетки и на површината остануваат нови клетки, кои ни даваат поздрав и повитален тен. Herbalife SKIN Ексфолијантот од бобинки што веднаш ја прави кожата помазна содржи семки од боровинки што прават ексфолијација и ја прават кожата мазна и светната.

П9: Зошто треба да користам маска?

Маските се користат за подобро да се чисти, тонира и хидрира кожата, сè во едно. Ја подобруваат хидрацијата или ги апсорбираат маснотиите од кожата, го подобруваат изгледот на порите, ги чистат нечистотиите и ја тонираат кожата. Резултатот е мека, мазна кожа со подобрена текстура и тен. По маската се препорачува да користите хидрантен или ноќен крем што ќе придонесе за одржување рамнотежа на здрава хидрација.

П10: Ако одлучам да користам маска и да правам ексфолијација во ист ден, што треба прво да направам?

Ве советувам прво да направите ексфолијација. Нема логика да користите добра маска за мртви клетки на кожата. Кога прво ќе направите ексфолијација, маската ќе ја нанесете на чисто, свежо лице. На овој начин маската ќе може да ги има сите корисни ефекти без да ѝ пречат мртви клетки на кожата.

П11: Каде можам да купам Herbalife SKIN производи за нега на кожата во Северна Македонија?

Herbalife SKIN производите се продаваат исклучиво преку мрежа на независни дистрибутери. Herbalife SKIN производите може да ги купите така што ќе стапите во контакт со еден од нашите независни дистрибутери (пополнете го формуларот за да најдете дистрибутер во вашиот регион) или ако сте Член, производите може да ги нарачате на страницата Myherbalife.com – официјална онлајн продавница на Herbalife Nutrition.

П12: Колку време треба да помине за да забележам резултати?

Нашите Herbalife SKIN производи се дерматолошки тестирани и е клинички докажано дека даваат брзи, видливи резултати за само 7 дена* при што ја намалуваат појавата на ситни линии и брчки** и ја прават кожата помека, помазна, поблескава, посјајна и светната за само 7 дена***.

П13: Дали Herbalife SKIN производите одговараат за вегани и се тестирани на животни?

Herbalife SKIN производите не се тестирани на животни. Сите Herbalife SKIN производи се развиени во согласност со ЕУ прописи со кои се забранува тестирање козметички производи врз животни. Покрај тоа, ниеден Herbalife SKIN производ за исхрана однадвор не е формулиран со состојки од животни или од животинско потекло.

 

* Резултатите се однесуваат на Серумот за намалување брчки, Ноќниот крем за обновување на кожата, Дневниот хидрантен крем што дава сјај, Заштитниот хидрантен крем cо заштитен фактор 30, Хидрантниот крем за пределот околу очите и Гелот што го зацврстува пределот околу очите.

**Тестиран врз 30 испитаници: утврдување рапавост на кожата со Visioscan на интервали од 0, 7 и 42 дена.

*** Тестиран врз 30 испитаници: со визуелна евалуација од страна на стручњаци кои испитуваат колку е кожата помазна, помека, поблескава, посјајна и светната по 2, 4 и 7 дена.

****Тврдењето „Не содржи сулфати“ се однесува на производите за чистење лице што прават пена: Смирувачкиот гел за чистење од алоја, Цитрусниот гел за чистење и за измазнување на кожата и Ексфолијантот од бобинки што веднаш ја прави кожата помазна.

Тврдењето „Не содржи додадени парабени“ не се однесува на  Заштитниот хидрантен крем cо заштитен фактор 30.t Reveal Berry.