ABOUT HERBALIFE NUTRITION

Група пријатели во градина пијат Herbalife Nutrition шејкови

КОИ СМЕ НИЕ

Светски лидер за заменски оброци, додатоци во исхраната и производи за спортска исхрана. 

Во светот секој ден се пијат повеќе од 4 милиони Herbalife Nutrition шејкови. 

Herbalife Nutrition Дистрибутери ја читаат етикетата на Формула 1 шејк

КАКО РАБОТИМЕ

Со нашите клиенти комуницираме преку мрежа на Дистрибутери. Личниот близок контакт што Независните Дистрибутери го остваруваат со клиентите е од суштинско значење за нашата цел. Покрај тоа што им продаваат производи, тие ги мотивираат и им даваат индивидуализирана поддршка на нашите клиенти да стекнат самодоверба за да си го сменат животот на подобро. Тоа е она што ние го нарекуваме „Разликата е во Дистрибутерите“. 

Green Tick

Нашето зошто
Да го правиме светот
поздрав и посреќен 
 

Green Tick

Нашето како
Преку нашите Дистрибутери водени
од целта, кои ја прават разликата
во животот на луѓето

Green Tick

Нашето што
Да создаваме инспиративни резултати
за подобар живот
 

Green Tick

Нашите вредности
Секогаш постапуваме исправно.
Соработуваме еден со друг.
Градиме подобар бренд.

  

Група Hebalife Nutrition Членови разговараат и се смеат на отворено

КАДЕ СЕ НАОЃАМЕ

Компанијата Herbalife Nutrition е основана во 1980 г., а денес работи во повеќе од 90 земји и има преку 8.000 вработени во целиот свет.

Икона со Herbalife Nutrition факти: Компанијата постои во над 90 земји

Земји во целиот свет 

Икона со Herbalife Nutrition факти: Компанијата е основана во 1980 г.

Компанијата е основана во Лос Анџелес

Икона со Herbalife Nutrition факти: Компанијата има над 8.000 вработени

Вработени во целиот свет

  

Herbalife Nutrition фармер ги проверува житните култури во полето

ЗОШТО ДА ГИ ИЗБЕРЕТЕ НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ

Herbalife Nutrition Институтот, составен од врвни стручњаци, има одговорност да промовира извонреден квалитет во областа на исхраната преку клинички истражувања и едукација во целиот свет.

Кутии Формула 1 на лента за производство во Herbalife Nutrition фабрика

Во нашите фабрики се користи најнова технологија и тие се едни од најнапредните фабрики во светот. Нашите лаборатории во целиот свет се сертифицирани по ISO 17025 стандард. Во Европа, линијата производи Herbalife24® е тестирана за забранети супстанции од страна на LGC преку светски реномираната програма Informed Sport.

враќање назад

СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ЗАЕДНИЦАТА

Нашите Дистрибутери и вработени се грижат за заедницата. Волонтираат и донираат за програмите што промовираат правилна исхрана и активен начин на живот преку нашата непрофитна организација Herbalife Nutrition Foundation.

Две деца се гушкаат и се смеат на Casa Herbalife игралиште

Herbalife Nutrition Foundation (HNF) е основана во 1994 г. и оттогаш посветено им го подобрува животот на децата. Преку својата мрежа Casa Herbalife програми, HNF партнери и организации од целиот свет им обезбедува здрава исхрана на ранливи категории деца.

Фудбалерка од Атлетико Мадрид, клуб спонзориран од Herbalife Nutrition

НАШИТЕ СПОНЗОРСТВА

Спонзорираме преку 190 спортски настани, тимови и спортисти од целиот свет, меѓу кои преку 70 врвни спортисти и тимови од Европа. Еве неколку спортисти и тимови што Herbalife Nutrition ги спонзорира: професионалниот фудбалер Кристијано Роналдо, американскиот фудбалски клуб ЛА Галакси и шпанскиот фудбалски тим Атлетико Мадрид од Премиер лигата.