Политика на приватност

Политика на приватност

Веб-сајтови на Herbalife Europe Limited - Важни информации

Herbalife бизнисот е интернационален, така што Herbalife понекогаш обработува и чува лични податоци надвор од ЕУ. Обврзани сме да побараме ваша согласност во врска со ова. Ако не се согласувате, тогаш, за жал, нема да можеме да процесираме ниту едно ваше барање направено преку овој веб-сајт. Ако се согласувате, може да изберете да ги користиме податоците САМО за процесирање ваши барања, или да изберете Herbalife да ги користи тие податоци за натамошни контакти (секогаш согласно долунаведената Политика за приватност).

Политика на приватност

Herbalife ја почитува приватноста на секое лице што ги посетува веб-сајтовите на Herbalife и секој податок што ќе го добиеме за вас ќе го користиме, пред сè, за да ја исполниме секоја услуга што би ја побарале, а исто така и ние како Компанија да ја подобриме нашата услуга кон вас. Тоа го правиме со соодветно користење на податоците.

Овие податоци ќе бидат ставени на располагање само на Herbalife, на здружени или поврзани компании и на наши дилери, на агенции и носители на лиценца на некоја од овие компании и на секоја друга компанија со која Herbalife директно или индиректно договорила услуги што ќе бидат корисни за вас. Податоците ќе се третираат согласно важечките законски одредби за заштита на податоци и првично може да се чуваат и обработуваат во или надвор од Европската Унија насекаде во светот. Ќе се користат само за маркетинг на Herbalife производи и услуги и за маркетинг на поврзани производи и услуги.

Како поединец, имате право да знаете кои ваши податоци ќе ги чуваме и по потреба да направите корекции; имате и право да не се согласите со натамошно собирање и користење вашите податоци. Ќе направиме сè што е во наша можност за да ги испочитуваме вашите желби. Меѓутоа, со одредени закони ова може да биде спречено.

ПЧести прашања (FAQ)

  1. Што добивам јас со тоа што Herbalife ќе собере мои податоци?
  2. Кои податоци може да ги соберат веб-сајтовите на Herbalife?
  3. Како Herbalife ќе ги собира и како ќе ги чува овие податоци?
  4. Колку време ќе ги чува Herbalife овие податоци?
  5. Каде ќе се чуваат ваши лични податоци?
  6. Зошто Herbalife ги собира овие податоци?
  7. За кого важи оваа политика?
  8. Посветеност на Herbalife на Заштита на приватноста на децата.
  9. Што се тоа колачиња [cookies]?
  10. Што се тоа профили на клиенти?
  11. Како да коригирам мои податоци?
  12. Кои се моите опции ако се одлучам да се регистрирам?
  13. Што ќе се случи ако се одлучам да не се регистрирам?

Што добивам јас со тоа што Herbalife ќе собере мои податоци?

  1. Со собирање на овие податоци Herbalife може полесно да го постигне следното;
  2. Полесно ќе го користите сајтот со тоа што податоците ќе ги внесете само еднаш.
  3. Полесно ќе ви обезбедуваме податоци.
  4. Полесно ќе креираме содржина што е за вас порелевантна.
  5. Ќе можете полесно да наоѓате услуги или информации што ви стојат на располагање од страна на Herbalife.
  6. Податоците ќе се користат за подобрување на сајтот.
  7. Ќе се прави процена на општите трендови во рамките на веб-сајтот и неговото користење. Ќе ве известуваме за нови производи, специјални понуди, ажурирани информации и други нови услуги за кои Herbalife смета дека ќе ве интересираат. Ако сте ни дале дозвола, може да им одобриме на други компании директно да ве контактираат.

Кои податоци може да ги собираат веб-сајтовите на Herbalife?

Во Herbalife настојуваме да ви овозможиме колку што е можно поголема контрола врз личните податоци. Генерално, Herbalife може да го посетувате на интернет без да ни кажете кои сте или да откриете каков било податок за вас. Меѓутоа, понекогаш ни е потребно да добиеме податоци од вас на интернет, како на пример вашето име, презиме и адреса. Наша намера е да ве известиме пред да собереме податоци од вас на интернет

Дури и пред регистрирањето ние ќе собереме анонимни податоци за тоа како сте го користеле веб-сајтот. Тоа е вообичаена стандардна процедура за секој веб-сајт на интернет. Со податоците што ќе ги собереме не можеме да го идентификуваме вашиот идентитет, но тие може да ни помогнат во маркетиншки цели или во подобрување на услугите што ги нудиме.

Ако изберете да му дадете преку интернет на Herbalife ваши лични податоци што може да ни бидат потребни – на пример, за кореспонденција со вас или за да може да се претплатите – ние имаме намера да ве известиме како ќе ги користиме тие податоци. Ако ни кажете дека не сакате овие податоци да ги користиме како основа за да ве контактираме во иднина, ние ќе ги почитуваме вашите желби.

Како Herbalife ќе ги собира и како ќе ги чува овие податоци?

Сајтот може да собира податоци за вас на многу начини; или директно да ги побара од вас (на пр. во формулар за регистрирање) или да врши автоматски запис на податоци за вашата посета на овој сајт. На пример, може да собереме податоци за тоа како сте се движеле на сајтот или да направиме запис од опциите што сте ги одбрале.

Податоците се чуваат на безбедно место заштитени со комбинација од физички и технички мерки. Јавноста нема пристап до овие податоци.

Зошто Herbalife ги собира овие податоци?

Овие податоци ни се потребни за да ги подобриме услугите што ви ги нудиме; сакаме полесно да ги индивидуализираме производите и услугите за да одговараат на вашите конкретни потреби.

За кого важи оваа политика?

Оваа политика важи за веб-сајтови што се наменети за консументи поединци и за корпоративни посетители.

Овие податоци ни се потребни за да ги подобриме услугите што ви ги нудиме; сакаме полесно да ги индивидуализираме производите и услугите за да одговараат на вашите конкретни потреби.

Посветеност на Herbalife на Заштита на приватноста на децата

Заштитата на приватноста на децата е важна. Од таа причина, на нашиот веб-сајт никогаш не собираме ниту задржуваме податоци од лица за кои знаеме дека имаат помалку од 13 години.

Политика за колачиња

Што се тоа колачиња [cookies]?

Колаче претставува низа податоци што содржи само текст, а кои еден веб-сајт ги пренесува во датотеката со колачиња во прелистувачот на хард дискот на вашиот компјутер за да може вебсајтот да ве запамети. Колачињата му помагаат на еден веб-сајт да ја уреди содржината за да може побрзо да се најде содржина за која сте заинтересирани – повеќето големи веб-сајтови користат колачиња. Вашиот идентитет на можеме да го откриеме кога користиме само колачиња.

Едно колаче обично го содржи името на доменот од кој доаѓа колачето; „животниот век“ на колачето и вредноста, која обично е произволно генериран единствен број.

На овој веб-сајт се користат два вида колачиња:

Колачиња во сесии, односно привремени колачиња што остануваат во датотеката со колачиња во вашиот прелистувач сѐ додека не го напуштите сајтот.

Постојани колачиња, што остануваат во датотеката со колачиња во вашиот прелистувач многу подолго (иако колку долго ќе останат зависи од тоа колкав е „животниот век“ на конкретното колаче).

Како се користат колачињата на овој сајт и какви податоци се собираат?

Колачиња во сесии се користат:

  • За да може да пренесувате ваши податоци од еден на друг наш сајт без да мора повторно да ги внесувате.
  • 3а да имате пристап до зачувани податоци при регистрација.

Постојани колачиња се користат:

  • За да можеме да ве препознаеме како единствен посетител (со користење број не може да се утврди вашиот идентитет) кога повторно ќе го посетите нашиот сајт.
  • За да ги индивидуализираме содржината или рекламите така што ќе одговараат на она за што сте заинтересирани или за да не ви повторуваме исти реклами.
  • За да собираме анонимни, комбинирани статистички податоци што ќе ни овозможат да разбереме како корисниците го користат сајтот и ќе ни помогнат да ја подобриме структурата на веб-сајтот. На овој начин не можеме да го утврдиме вашиот идентитет.

Колачиња од друг домен

Преку овој сајт колачиња поставуваат и други домени. Тие се користат за следните цели:

  • За ставање реклами на нашиот сајт и за да следи дали корисниците кликаат на овие реклами
  • За да контролираме колку често ви се прикажува некоја конкретна реклама
  • За да прилагодиме содржина според вашите преференци
  • За да броиме колку анонимни корисници има на нашиот сајт
  • За да овозможиме безбедност на кошничките за купување или на трансакциите

Веб бубачки [Web Beacons]

На некои од нашите веб страници може да има електронски слики познати како „веб бубачки“ (понекогаш се нарекуваат и „clear gifs“) преку кои можеме да ги броиме корисниците што ги посетиле овие страници. Веб бубачките собираат само ограничени информации, во кои спаѓаат број на колаче, време и датум на посета на страницата и опис на страницата на која се наоѓа веб бубачката. Може да има и веб бубачки поставени од други сајтови што се рекламираат. Овие бубачки не содржат податоци за утврдување на идентитетот и се користат само за следење на ефикасноста на конкретна кампања.

Деактивирање и активирање колачиња

Колачињата можете да ги прифатите или да ги одбиете со менување на прилагодувањата во вашиот прелистувач. Меѓутоа, ако се колачињата декативирани, нема да може да ги користите сите интерактивни функции на сајтот. Ако сакате да добиете известување пред да се постави колаче на вашиот хард диск, следете ги следните инструкции:

Ако користите Netscape Navigator 3.0:

  • Одете во менито „Опции“ [Options]
  • Кликнете на „Параметри за мрежи“ [Network Preferences]
  • Кликнете на „Протоколи“ [Protocols]
  • Означете го квадратчето во кое пишува „Известете ме пред да прифатам некое колаче“
  • Одете во фолдерот „Netscape“
  • Избришете го фајлот со име „cookies.txt“ и со тоа ќе ги избришете сите колачиња.

Во Windows 95, користете ја опцијата „Find“ во „Start“ менито за едноставно да го најдете фајлот „cookies.txt“.

Во Internet Explorer 3.0:

  • Одете во менито „Опции“ [Options]
  • Кликнете на „Параметри за мрежи“ [Network Preferences]
  • Кликнете на „Протоколи“ [Protocols]
  • Означете го квадратчето во кое пишува „Известете ме пред да прифатам некое колаче“
  • Одете во фолдерот „Netscape“
  • Избришете го фајлот со име „cookies.txt“ и со тоа ќе ги избришете сите колачиња.

Штом ќе ги избришете овие фајлови повеќе нема да имате колачиња и секогаш кога некој веб-сајт ќе се обиде да испрати колаче во вашиот систем ќе добиете предупредување. Во предупредувањето ќе имате опција да изберете „Прифаќам“ [Accept] или „Одбивам“ [Cancel] колаче.

Ако користите Netscape 4.0+:

  • Одете на „Измени“ [Edit] во лентата со менија
  • Кликнете на „Параметри“ [Preferences]
  • Кликнете на „Напредни“ [Advanced]
  • Означете го квадратчето во кое пишува „Предупредете ме пред да прифатам колаче“
  • Сега одете на копчето „Старт“ [Start]
  • Кликнете на „Пронајди“ [Find]
  • Кликнете на „Фајлови и фолдери“ [Files and Folders]
  • Внесете „cookies.txt“ во квадратчето за пребарување што ќе ви се појави
  • Кликнете на „Пронајди сега“ [Find Now]
  • Кога ќе се појават резултатите од пребарувањето со влечење ставете ги сите навеени фајлови во „Recycle Bin“ и со тоа ќе ги избришете сите колачињ

Сега затворете го и рестартирајте го Netscape

Штом ќе ги избришете овие фајлови повеќе нема да имате колачиња и секогаш кога некој веб-сајт ќе се обиде да испрати колаче во вашиот систем ќе добиете предупредување. Во предупредувањето ќе имате опција да изберете „Прифаќам“ [Accept] или „Одбивам“ [Cancel] колаче.

Во Internet Explorer 4.0:

  • Одете во менито „Преглед“ [View]
  • Кликнете на „Интернет опции“ [Internet Options]
  • Кликнете на „Напредни“ [Advanced]
  • Означете го квадратчето во кое пишува „Предупредете ме пред да прифатам колачиња“
  • Сега отворете го директориумот со колачиња
  • Избришете ги сите фајлови во него и со тоа ќе ги избришете сите колачиња

Штом ќе ги избришете овие фајлови повеќе нема да имате колачиња и секогаш кога некој веб-сајт ќе се обиде да испрати колаче во вашиот систем ќе добиете предупредување. Во предупредувањето ќе имате опција да изберете „Прифаќам“ [Accept] или „Одбивам“ [Cancel] колаче

Во Explorer 5.0+:

  • Одете во менито „Алатки“ [Tools]
  • Кликнете на „Интернет опции“ [Internet Options]
  • Кликнете го табот „Безбедност“ [Security]
  • Означете ја зоната „Интернет“ [Internet] (која е стандардно избрана)
  • Кликнете на „ОК“
  • Одете во директориумот со колачиња
  • Избришете ги сите фајлови во него и со тоа ќе ги избришете сите колачиња

Штом ќе ги избришете овие фајлови повеќе нема да имате колачиња и вашиот пребарувач повеќе нема да праќа или прима нови колачиња.

Ако користите Netscape 6.0+:

  • Одете на „Измени“ [Edit] во лентата со менија
  • Кликнете на „Параметри“ [Preferences]
  • Кликнете на „Напредни“ [Advanced]
  • Изберете го полето „Колачиња“ [Cookies]
  • Изберете или „Предупредете ме пред да прифатам колаче“ или „Исклучи колачиња“
  • Кликнете на „ОК“
  • Кликнете на „Старт“
  • Кликнете на „Пронајди“ [Find]
  • Кликнете на „Фајлови и фолдери“ [Files and Folders]
  • Внесете „cookies.txt“ во квадратчето за пребарување што ќе ви се појави
  • Кликнете на „Пронајди сега“ [Find Now] и кога ќе се појават резултатите од пребарувањето со влечење ставете ги сите навеени фајлови во „Recycle Bin“ и со тоа ќе ги избришете сите колачиња
  • Сега затворете го и рестартирајте го Netscape

Во зависност од изборот сто претходно сте го направиле или ќе добиете предупредување за нови колачиња или воопшто нема да добивате колачиња.

Во Internet Explorer 6.0+:

  • Одете во менито „Алатки“ [Tools]
  • Кликнете на „Интернет опции“ [Internet Options]
  • Кликнете го табот „Приватност“ [Privacy]
  • Поместете го лизгачот за да изберете ваши подесувања
  • Кликнете на „ОК“
  • Одете во директориумот со колачиња
  • Избришете ги сите фајлови во него и со тоа ќе ги избришете сите колачиња

Штом ќе ги избришете овие фајлови повеќе нема да имате колачиња и вашиот пребарувач повеќе нема да праќа или прима нови колачиња.

Ако користите Netscape 7.0+:

  • Одете на „Измени“ [Edit] во лентата со менија
  • Кликнете на „Параметри“ [Preferences]
  • Кликнете на „Приватност и безбедност“ [Privacy and Security]
  • Изберете го полето „Колачиња“ [Cookies]
  • Изберете ваши подесувања
  • Кликнете на „ОК“
  • Кликнете на „Пронајди“ [Find]
  • Кликнете на „Фајлови и фолдери“ [Files and Folders]
  • Внесете „cookies.txt“ во квадратчето за пребарување што ќе ви се појави
  • Кликнете на „Пронајди сега“ [Find Now] и кога ќе се појават резултатите од пребарувањето со влечење ставете ги сите навеени фајлови во „Recycle Bin“ и со тоа ќе ги избришете сите колачиња
  • • Сега затворете го и рестартирајте го Netscape

Во зависност од изборот сто претходно сте го направиле или ќе добиете предупредување за нови колачиња или воопшто нема да добивате колачиња.

Бришење колачиња

Секое колаче што сте го инсталирале во папката со колачиња во вашиот прелистувач може лесно да го избришете. На пример, ако користите Microsoft Windows Explorer:

  • Отворете го Windows Explorer
  • Кликнете на „Пребарај“ [Search] во алатникот
  • Внесете го зборот „cookie“ во квадратчето за пребарување за папки и датотеки [Folders and Files].
  • Изберете „My Computer“ во квадратчето „Look In“
  • Кликнете на „Search Now“
  • Двоен клик на најдените папки
  • Со „Select“ изберете датотека со колачиња
  • Стиснете го копчето за бришење [Delete] на тастатурата

Ако не користите Microsoft Windows Explorer, изберете „cookies“ во функцијата „Help“ за да добиете информации за тоа каде да ја најдете папката со колачиња.

Како да коригирам податоци за мене?

Некои веб-сајтови на Herbalife работат со страници за регистрирање што ви овозможуваат да ги прегледате и да ги ажурирате внесените лични податоци. На други страници едноставно ви е дадена опција да го откажете членството за таа услуга. Во други случаи, кога треба да ги отворите или да ги коригирате личните податоци што претходно сте ги внеле на сајт на Herbalife, исконтактирајте го локалниот Оддел за Членови, логирајте се на www.myherbalife.com и изменете ги вашите детали онлајн или исконтактирајте нѐ на адресата дадена подолу. Во некои случаи, може да биде потребно извесно време за овие промени да се пренесат во сите системи на Herbalife и затоа ажурираните податоци може нема веднаш да се гледаат.

Како стојат работите со Безбедноста на интернетот и на сајтовите?

Интернетот не е безбеден систем и треба секогаш да бидете претпазливи кога давате податоци додека сте онлајн. Личните податоци што ќе ги соберат сајтовите на Herbalife се чуваат во безбедна оперативна средина што не ѝ е достапна на јавноста. Во некои случаи, пред да ја извршите трансакцијата личните податоци се криптираат (шифрираат) со примена на соодветна безбедна технологија.

Што ќе се случи ако се одлучам да не се регистрирам?

Ако се одлучите да не се регистрирате или да не ги дадете личните податоци, во повеќето случаи ќе можете да ги користите повеќето веб-сајтови на Herbalife. Меѓутоа, нема да имате пристап до локации за кои е потребно регистрирање. Дури и ако не се регистрирате, понекогаш ќе собираме анонимни податоци во врска со тоа како сте го користеле веб-сајтот. Со овие податоци не можеме да го утврдиме вашиот идентитет, но ни помагаат за маркетинг или за подобрување на услугите што ги нудиме.

Последен пат ажурирано на 7 октомври 2005 г.

Herbalife е член на SELDIA (Европската организација за директна продажба) и потписник на нивниот Етички кодекс.
mk-MK | 24.06.2017 08:23:17 | NAMP2HLASPX01