Протеински брауни колач за денот на вљубените

Слика Протеински брауни колач за денот на вљубените

Десетина црвени ружи, чаша пенливо вино и неодоливо вкусен чоколаден брауни колач. На овој начин ќе го прославите денот на вљубените без грижа на совеста. 

Не можеме да гарантираме за првите две работи, но нема ништо подобро од домашен чоколаден десерт. Овој рецепт за брауни колач создаден од нашите научници за исхрана е полн со страст (плус со арома на ванила) и е здрав, не содржи глутен и има неодолив вкус.

И што е најдобро, вашите сакани ќе знаат дека сте приготвиле изненадување за овој посебен ден со срце и со душа. Тоа е бесценет љубовен подарок за денот на вљубените – или за кој било друг ден во годината.

Плус е толку многу лесно да го направите!

Број порции: 1
Потребно:
  • 1/4 шолја овесни снегулки без глутен
  • 1/2 шолја незасладено какао во прав
  • 5 мерици H24 Rebuild Strength со вкус на чоколадо
  • 1 јајце
  • 1 лажица мед
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2/3 шолја бадемово млеко
  • 2 лажици кокосово масло
  • 1/2 шолја малини за одозгора
Начин на приготвување:
  1. Загрејте ја рерната на 180°C и со спреј против лепење попрскајте тавче за печење со димензии 20 х 20 cm.
  2. Во блендер ставете ги овесните снегулки и блендирајте додека не се иситнат како брашно; потоа брашното ставете го во длабока чинија и измешајте го со H24 Rebuild Strength и со какаото.
  3. Во друга длабока чинија, изматете ги јајцето, медот, екстрактот од ванила и бадемовото млеко додека не се соединат, а потоа смесата додајте ја во садот со суви состојки. 
  4. Загревајте го кокосовото масло во мало тавче на ниска температура и постојано мешајте додека не се растопи, а потоа ставете го во тестото.
  5. Смесата турете ја во подготвеното тавче за печење и одозгора наросете малини, печете 18-22 минути. 
  6. Оставете го брауни колачот убаво да се излади и потоа исечете го на 12 парчиња – уживајте! 
Нутритивни вредности на една порција:
Енергија (kcal) Масти (g) Јаглехидрати (g) Шеќери (g) Растителни влакна (g) Протеин (g)
Во една порција 62,9 3,25 6 3,3 1,26 3,3

*Нашиот производ ги има сите нутритивни вредности само кога се приготвува според инструкциите на етикетата. Не заборавајте, ако производ на Herbalife Nutrition се користи во рецепт што се загрева, нивоата на некои од витамините во готовиот производ може да се намалат во споредба со вредностите на етикетата.