Мафини со сушени домати и печени пиперки

Слика Мафини со сушени домати и печени пиперки

Сезоната на одмори е близу, но оваа година мораме да ја одложиме. Тогаш, да ги донесеме странските вкусови во нашата кујна. Кој не ја сака комбинацијата домати и црвени пиперки – особено кога е спакувана во вкусен мафин! Гурманската супа од домати му дава извонреден вкус на овој рецепт, а Протеински напиток во прав е одличен начин да го зголемите дневниот протеински внес.

Број порции: 12
Потребно:
  • 75 g органско брашно
  • 75 g овесни снегулки
  • 1 порција (28 g) Протеински напиток во прав
  • 2 порции (64 g) Гурманска супа од домати
  • 2 ½ лажички прашок за печиво
  • 1 полна лажица сечкан власец
  • 100 g рендан кашкавал, на пр. чедар
  • ¼ лажичка мелен бибер
  • ½ лажичка сол
  • 2 големи јајца
  • 50 ml маслиново масло
  • 200 ml вода
  • 100 g мешани сушени домати и печени пиперки, исечкани
Начин на приготвување:
  1. Тавче за мафини со 12 отвори обложете го со хартиени корпички за мафини.    
  2. Во сад измешајте ги заедно брашното, овесните снегулки, Протеински напиток во прав, Гурманската супа од домати, прашокот за печиво, исечканиот власец, ренданиот кашкавал, биберот и солта. 
  3. Во посебен сад изматете ги двете јајца, а потоа додајте ги маслиновото масло, водата и сечканите сушени домати и пиперките.  
  4. Во средината на сувите состојки направете дупка, а потоа додајте ги течните состојки. Мешајте полека за да оформите тесто. 
  5. Вадете од тестото со лажица и наполнете ги дванаесетте корпички за мафини, а потоа ставете го тавчето во претходно загреана рерна и печете 23-25 минути. Треба да нараснат, да заруменат и да бидат испечени во средина. Извадете ги и оставете ги малку да се оладат пред да ги јадете.   
Нутритивни вредности на една порција:
Енергија (kcal) Масти (g) Јаглехидрати (g) Шеќери (g) Растителни влакна (g) Протеин (g)
Во една порција 171 9 13 2 2 9

* Тежината може да се намали со ограничување на калорискиот внес во исхраната во која наместо два класични оброци во денот ќе изедете два заменски оброци.

** Нашиот производ ги има сите нутритивни вредности само кога се приготвува според инструкциите на етикетата. Не заборавајте, ако производ на Herbalife Nutrition се користи во рецепт што се загрева, нивоата на некои од витамините во готовиот производ може да се намалат во споредба со вредностите на етикетата.