Strawberry Delight вафли

Слика Strawberry Delight вафли

Некои овошја ни го најавуваат почетокот на пролетта, а едно од нив се неодоливите јагоди. 

Времето се стоплува и сезонското овошје сè почесто го гледаме во маркетите и (што е уште подобро) на пазарите во земјата. 

Зошто не пробате да си приготвите нешто специјално од првата берба за оваа година, како на пример вафли со свежи јагоди и немасно кисело млеко за појадок? 

Додајте малку Формула со вкус на Strawberry Delight* за неодолив летен вкус!

Број порции: 1
Потребно време за приготвување: 5 минути
Потребно:
  • 3 мерици Формула 1 со вкус на Strawberry Delight
  • 2 јајца
  • 50 ml млеко
  • 2 лажици немасно кисело млеко за одозгора
  • 6 јагоди, исечкани за сервирање
Начин на приготвување:

Во длабока чинија измешајте ги Herbalife Формула 1 со вкус на Strawberry Delight, јајцата и млекото додека не добиете мазна структура. Оставете ја чинијата настрана.

Вклучете го тостерот за вафли и попрскајте го со спреј против лепење. Откако ќе се загрее, ставете ја протеинската смеса на тостерот и печете 4-5 минути.

Ставете ги вафлите на чинија за сервирање, а одозгора ставете немасно кисело млеко и сечкани јагоди.

Нутритивни вредности на една порција:
Енергија (kcal) Масти (g) Јаглехидрати (g) Шеќери (g) Растителни влакна (g) Протеин (g)
Во една порција 336,5 12,7 23,6 16,7 8 30,3

*Тежината може да се намали со ограничување на калорискиот внес во исхраната во која наместо два класични оброци во денот ќе изедете два заменски оброци.

** Нашиот производ ги има сите нутритивни вредности само кога се приготвува според инструкциите на етикетата. Не заборавајте, ако производ на Herbalife Nutrition се користи во рецепт што се загрева, нивоата на некои од витамините во готовиот производ може да се намалат во споредба со вредностите на етикетата.