Протеински омлет со спанаќ

слика Протеински омлет со спанаќ

Овој рецепт е едноставен и вкусен за совршен лесен оброк. Додајте зеленчук и протеин за да приготвите солен омлет што ќе сакате да го јадете секој ден! 

Број порции: 5
Потребно време за приготвување: 30 минути
Потребно:
  • 20 g Ф3 Персонализиран протеински прашок
  • 125 g немасно кисело млеко (не користете обичен јогурт)
  • 4 белки
  • 2 лажици вода
  • 30 g бело брашно
  • 55 g замрзнат спанаќ (да се одмрзне)
  • 2 лажици бели семки од чиа
  • 1 лажичка сол
Начин на приготвување:
  1. Во процесор за храна или во блендер ставете ги киселото млеко, белките и водата. Додајте ги брашното, Персонализиран протеински прашок, спанаќот, чиата и солта. Убаво блендирајте додека смесата не стане густа како тесто за палачинки*. 
  2. Земете мала нелеплива тава за пржење и попрскајте ја со спреј против лепење (или премачкајте ја со малку масло). Ставете ја тавата да се загрева на умерена до висока температура.
  3. Кога ќе се загрее тавата, турете околу 3 лажици од смесата во неа и потоа брзо (и убаво) распоредете ја во тавата со задниот дел од лажицата. Оставете го омлетот да се испржи убаво додека да се зацрви од едната страна. Потоа свртете го за да се испржи и зацрви и од другата страна. 
  4. Откако ќе се испржи омлетот од двете страни, ставете го на салфета или на решетка за да се излади. Истата постапка повторете ја со преостанатата смеса и секогаш прво премачкувајте ја тавата со масло пред да ставите од смесата за да не се залепи. 

* Чиата впива голема количина течност: особено ако смесата отстои! Затоа најдобро е да ја приготвите смесата пред да го правите омлетот. Ако забележите дека смесата се згуснува додека пржите, додајте малку вода за да ја разредите. Додавајте по околу една лажица (внимавајте да не ставите премногу) за смесата да остане густа како тесто за палачинки. 

Нутритивни вредности на една порција:
Енергија (kcal) Масти (g) Јаглехидрати (g) Шеќери (g) Растителни влакна (g) Протеин (g)
Во една порција 86 2 7,7 1 1,7 9,8

** Кога се приготвува според инструкциите дадени на етикетата на производот, нашиот производ ги има сите нутритивни својства што се наведени на етикетата. Ве молиме имајте предвид дека ако Herbalife Nutrition производот се користи во рецепти со загревање, нивото на одредени витамини во крајниот производ може да биде пониско во однос на вредностите наведени на етикетата.