Протеински палачинки со кикирики и Ф1 со вкус на Cookie Crunch

Слика Протеински палачинки со кикирики и Ф1 со вкус на Cookie Crunch

Февруари го одбележува крајот на зимата и враќањето на пролетта! Месец кога славиме многу работи, меѓу кои и денот на палачинките! 

Ова е еден од најзабавните настани во годината кога многумина од нас ги засукуваат ракавите, ги усовршуваат вештините за вртење палачинки и уживаат во нови комбинации на вкусови со пријателите, со семејството и со саканите. Овој рецепт е едноставен, брзо се приготвува и е одличен начин да го прославите денот на палачинките без да отстапите од планот за здрава исхрана. 

Број порции: 2
Потребно време за приготвување: 5 минути
Време за приготвување: 10 минути
Потребно:
  • 4 мерици Herbalife Nutrition Формула 1 со вкус на Cookie Crunch
  • ¼ лажичка прашок за печиво
  • 2 лажици кремаст путер од кикирики
  • 2 средни јајца
  • 100 ml вода
Начин на приготвување:
  1. Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не добиете мазна структура.
  2. Ставете средна тава за пржење да се загрева на средна температура сè додека кога ќе попрскате неколку капки вода во тавата не почнат да се формираат меурчиња и да крчкаат. 
  3. На хартиен бришач ставете малку масло и нежно премачкајте ја тавата. 
  4. Од тестото турете во тавата така што ќе формирате палачинка со дијаметар околу 7 cm и печете ја додека не порумени на долната страна.
  5. Превртете ја палачинката и печете ја и од другата страна додека не порумени.
  6. Палачинките сервирајте ги веднаш кога ќе ги испечете, декорирајте ги со омиленото овошје и уживајте! 
Нутритивни вредности на една порција:
Енергија (kcal) Масти (g) Јаглехидрати (g) Шеќери (g) Растителни влакна (g) Протеин (g)
Во една порција 277 13,6 15 7,1 5,7 21

*Без додатоците и маслото за приготвување. Нашиот производ ги има сите нутритивни корисни ефекти само кога се приготвува според инструкциите на етикетата. Не заборавајте, ако производ на Herbalife Nutrition се користи во рецепт што се загрева, нивоата на некои од витамините во готовиот производ може да се намалат во споредба со вредностите на етикетата.