Протеински колачиња со чоколадо и лешници

Слика Протеински колачиња со чоколадо и лешници

Понекогаш, од самата помисла дека треба да печеме, мислиме дека рецептот ќе ни одземе многу време и дека не вреди доволно. Тогаш, еве ви лесен и брз рецепт со кој во само неколку чекори ќе имате вкусна ужина. Плус е алтернативна варијанта на омилената ужина, колачињата!

Број порции: 8
Потребно време за приготвување: 10 минути
Потребно:
  • За колачињата:
  • 2 мерици Формула 1 со вкус на Smooth Chocolate
  • 60 g овесни снегулки
  • 1 зрела банана, испасирана
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица путер од лешници
  • Додатоци (по желба):
  • 20 g темно чоколадо, стопено
  • 1 лажица лешници, исечкани
Начин на приготвување:

Ставете ги сите состојки потребни за колачињата во блендер и блендирајте додека не се соединат. Смесата поделете ја на 8 топчиња и потоа топчињата обликувајте ги како колачиња.

Врз секое колаче посипете стопено темно чоколадо и наросете исечкани лешници за да ги сервирате. 

Нутритивни вредности на една порција:
Енергија (kcal) Масти (g) Јаглехидрати (g) Шеќери (g) Растителни влакна (g) Протеин (g)
Во една порција 98 3,9 13,5 5,4 2,4 3,1