Чоколадни протеински бомбици со бадеми

слика Чоколадни протеински бомбици со бадеми

Кажете му не на искушението и останете во форма и водете поздрав и поактивен начин на живот со оваа вкусна ужина. Нашите чоколадни протеински бомбици со бадеми ќе ви ја задоволат желбата за нешто слатко и чоколадно! Плус се одлична протеинска ужина! 

Број порции: 10
Потребно време за приготвување: 30 минути
Потребно:
  • За бомбиците:
  • 6 мерици Ф1 со вкус на Smooth Chocolate
  • 1 лажица ленено семе
  • 1 лажица чиа
  • 1/3 шолја незасладен напиток од бадем (или напиток од соја, или полумасно/немасно млеко)
  • ½ шолја суво грозје
  • 30 g капки темно чоколадо
  • 50 g намаз од бадеми
  • ½ шолја овесни снегулки
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 2 лажици сируп од агаве
  • За валкање:
  • 1 мерица Ф1 со вкус на Smooth Chocolate
  • 1 лажица незасладено темно какао во прав
Начин на приготвување:
  1. Во мала, длабока чинија измешајте ги лененото семе и чиата со напитокот од бадем и оставете да отстои додека ги приготвувате останатите состојки. 
  2. Измешајте ги чоколадните капки, сувото грозје, намазот од бадеми, овесните снегулки, сирупот од агаве, екстрактот од ванила и Ф1 со вкус на Smooth Chocolate. 
  3. Мешајте со рака додека убаво не се измеша. Смесата треба да се соедини. Ако е сува, одвреме-навреме додавајте по една лажица вода или напиток од бадем, но внимавајте на крај смесата да не биде многу мека. 
  4. Навлажнете си ги рацете и од смесата направете мали бомбици (излегуваат 30 бомбици). 
  5. Во мала, длабока чинија, измешајте ги Ф1 со вкус на Smooth Chocolate и какаото. Во оваа смеса целосно извалкајте ги бомбиците. 
  6. Со мрсна хартија обложете сад што се затвора. Ставете ги извалканите бомбици на хартијата, затворете го садот и оставете ги во фрижидер максимум 5 дена.
Нутритивни вредности на една порција:
Енергија (kcal) Масти (g) Јаглехидрати (g) Шеќери (g) Растителни влакна (g) Протеин (g)
Во една порција 161 5,8 23 13 4,4 5,8

*Нутритивни вредности на една порција - Со напиток од бадем

**Кога се приготвува според инструкциите дадени на етикетата на производот, нашиот производ ги има сите нутритивни својства што се наведени на етикетата

**Една порција содржи 3 бомбици, од овој рецепт излегуваат 30 бомбици