Пудинг со чиа и шумско овошје

Слика Пудинг со чиа и шумско овошје

Чиата содржи 34,4 g растителни влакна, 17,8 g омега-3, 407 mg калиум и 335 mg магнезиум во 100 g суров производ. Комбинирајте ја со омилениот Herbalife Nutrition Формула 1 шејк (и со други состојки) и имате вкусна ужина што е богата со нутриенти и има неодолив вкус! Овој пудинг е одличен за да си ја задоволите желбата за благо, а притоа да не отстапите од урамнотежена исхрана. 

Број порции: 1
Потребно време за приготвување: 15 минути
Потребно:
  • 2 мерици Формула 1 со вкус на Strawberry Delight
  • 250 ml обезмастено млеко или растителен напиток
  • 2 лажици бели семки од чиа
  • 70 g мешано шумско овошје
Начин на приготвување:
  1. Ставете ги Формула 1, млекото и семките од чиа во затворена тегла. Убаво измешајте и оставете да отстои 10 минути или додека смесата не почне да се згуснува и протресувајте ја теглата одвреме-навреме.
  2. Додека чекате, изгмечете го шумското овошје со виљушка. Потоа, ставете го најдолу во чашата или чинијата. Врз него нежно истурете ја смесата со Формула 1. 
  3. Покријте го садот со пластична фолија и ставете го во фрижидер неколку часа (или цела ноќ) за да отстои.
Нутритивни вредности на една порција:
Енергија (kcal) Масти (g) Јаглехидрати (g) Шеќери (g) Растителни влакна (g) Протеин (g)
Во една порција 325 10,2 39 23,8 15,2 22,3