Протеински шејк со вкус на пита од јаболка

Слика Протеински шејк со вкус на пита од јаболка

Пита од јаболка во чаша! Пробајте ја нашата вкусна варијанта на овој безвременски класичен рецепт. Пијте го овој урамнотежен, здрав, одлично зачинет шејк со вкус на пита од јаболка за појадок, ручек или вечера. Брз и лесен рецепт што се приготвува за минута, а се пие уште побрзо. Одлична ужина како дел од здрав план на оброци. Пробајте го и разубавете си го животот.

Број порции: 1
Потребно време за приготвување: 5 минути
Потребно:
  • 250 ml полумасно млеко (1,5 %)
  • 1 мало зелено јаболко (излупено)
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка кокосови трошки
  • 2 каранфилчиња
  • 2 мерици Формула 1 шејк со вкус на Vanilla Creme
  • 4 коцки мраз
Начин на приготвување:

Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека да ја добиете саканата густина. Сервирајте веднаш (овој шејк е највкусен кога е ладен!). Чашата за послужување може да ја декорирате со цимет.

Нутритивни вредности на една порција:
Енергија (kcal) Масти (g) Јаглехидрати (g) Растителни влакна (g) Протеин (g)
Во една порција 349 10 44 7,8 19