Formula 1 без соја, лактоза и глутен Диететски производ, заменски оброк за регулирање на тежината со вкус на Raspberry and White Chocolate 500 g

Formula 1 без соја, лактоза и глутен Диететски производ, заменски оброк за регулирање на тежината со вкус на Raspberry and White Chocolate слика на производот
SKU 4469

Преглед на производи

 

Нашиот Формула 1 без соја, лактоза и глутен со вкус на Raspberry and White Chocolate е направен од протеин од грашок. Содржи состојки што одговараат за вегани и е богат со протеин. 

Формула 1 заменскиот оброк за регулирање на телесната тежина содржи растителни влакна и есенцијални микронутриенти и го има во неколку неодоливи вкуса. 

Содржи 25 витамини и минерали, меѓу кои витамин Д што придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и витамин Ц што придонесува во намалување на исцрпеноста и заморот.

Создаден е за ви ги задоволи потребите во однос на исхраната и начинот на живот. Формула 1 шејкот се приготвува лесно и има одличен кремаст вкус. 

Користете го секој ден како хранлив оброк. 

 

Главни придобивки:

  • Богат со протеин
  • Без соја*
  • Без лактоза*
  • Без глутен
  • Извор на растителни влакна
  • Состојки што одговараат за веганска исхрана
  • 25 витамини и минерали

 

Упатство за употреба: 

Уживајте во Формула 1 шејкот секојдневно како хранлив оброк. Нежно протресете ја кутијата пред секоја употреба бидејќи состојките може да се наталожат на дното на кутијата. За да приготвите вкусен шејк без глутен и соја, измешајте две мерици од правот (26 g) со 250 ml ладно, полумасно млеко (со 1,5 % масленост) или со 250 ml напиток од соја збогатен со калциум и витамини ако сакате да приготвите шејк без лактоза и глутен. 

Производот користете го во рамките на урамнотежена и разновидна исхрана, како дел од здрав, активен начин на живот.

За регулирање на тежината: Тежината може да се намали со ограничување на калорискиот внес во исхраната во која наместо два класични оброци во денот ќе изедете два заменски оброци. Два оброци во денот заменете со вкусен шејк и изедете еден хранлив класичен оброк.

За одржување оптимална тежина: Исхрана со ограничен калориски внес во која наместо еден класичен оброк ќе изедете заменски оброк помага да го задржиме резултатот откако сме ја намалиле тежината. Еден класичен оброк во денот заменете со вкусен шејк и изедете два хранливи оброци.

Постигнете ги своите цели во однос на калорискиот внес во текот на денот така што ќе внесувате и хранливи ужини.

 

*Производот не содржи соја само кога ќе се приготви со млеко и не содржи лактоза само кога ќе се приготви со збогатен напиток од соја.