Beta heart® Додаток на исхрана Бета-глукан од овес 229 g

Beta heart® Додаток на исхрана Бета-глукан од овес слика на производот
SKU 0267

Преглед на производи

 

Beta heart® е хранлив производ во прав што ја содржи клучната состојка OatWell® бета-глукан од овес – што докажано го намалува* или го регулира** нивото на холестерол во крвта. 

 

Главни придобивки:

  • 3 g бета-глукани придонесуваат за намалување* на нивото на холестерол во крвта
  • 3 g бета-глукани придонесуваат за одржување** нормално ниво на холестерол во крвта (2 мерици)
  • Без шеќер
  • Без вештачки засладувачи
  • Богат со растителни влакна - 3 g во една мерица

 

Упатство за употреба:

Нежно протресете ја кутијата. Едноставно измешајте 1 или 2 мерици Beta heart® со вода, со овошен сок или додајте го во вашиот Формула 1 шејк еднаш дневно. Корисен ефект се постигнува со дневен внес од 3 g бета-глукан од овес. Производот користете го во рамките на урамнотежена и разновидна исхрана, како дел од здрав активен начин на живот.

 

*Докажано е дека бета-глуканот од овес го снижува холестеролот во крвта. Високиот холестерол е ризик-фактор за развој на коронарна срцева болест. Бета-глуканите помагаат за одржување на холестеролот во крвта во нормални граници. Корисниот ефект се добива со дневен внес на 3 g бета-глукани од овес. Коронарната срцева болест има повеќе ризик-фактори и со менување на еден од овие фактори може, но и не мора да се постигне корисен ефект.

**Бета-глуканите помагаат за одржување на холестеролот во крвта во нормални граници. Корисниот ефект се добива со дневен внес на 3 g бета-глукани од овес, трици од овес, јачмен, трици од јачмен или мешавина од овие бета-глукани.

 

OatWell® е заштитен знак на DSM.