Линија Herbalife24 - висококвалитетна спортска исхрана

24-ЧАСОВНА ВИСОКОКВАЛИТЕТНА СПОРТСКА ИСХРАНА

Откријте го својот потенцијал со спортска исхрана без компромис. Без оглед на тоа дали џогирате со бавно темпо, дали сте ентузијаст што тренира на отворено или сте елитен спортист, со спортската линија Herbalife24® ќе си ги подобрите перформансите. Од висококвалитетни протеински шејкови до електролитски напитоци, линијата Herbalife24® нуди производи што се дизајнирани да одговараат на вашиот индивидуален спорт, тренинг или потреби за регенерација. Имајте најдобри перформанси со првата линија за 24-часовна спортска исхрана на пазарот.

Herbalife24 Формула 1 Спорт - шејк како заменски оброк

ЗАМЕНСКИ ОБРОК ФОРМУЛИРАН ОД СТРУЧЊАЦИ

Формула 1 Спорт не е како кој било друг заменски оброк. Дајте му гориво на спортистот во себе, а притоа водете сметка за дневниот калориски внес. Овој уникатен урамнотежен оброк содржи комбинација од висококвалитетен протеин, растителни влакна, јаглехидрати и клучни витамини и минерали. Развиен од стручњаци за да му ги обезбеди на телото сите нутриенти од урамнотежен оброк. Следете го напредокот секој ден со вкусен, практичен спортски шејк како заменски оброк.

Herbalife24 Hydrate - извлечете максимум од тренингот

НЕКАЛОРИЧЕН ЕЛЕКТРОЛИТСКИ НАПИТОК

Хидрацијата за време на тренинг е клучен елемент за оптимални перформанси.* Со детално истражување и формули базирани врз наука создадовме некалоричен електролитски напиток. Herbalife24® Hydrate е богат со витамин Ц што придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста. Секоја порција е спакувана во засебна кесичка и лесно се приготвува што значи Herbalife24® Hydrate може да го носите каде и да одите. Извлечете максимум од тренингот со нашиот вкусен електролитски напиток што се пие за време на тренинг.

Herbalife24 Rebuild Strength - опоравете се по тренинг за сила

ОПОРАВЕТЕ СЕ ПО ТРЕНИНГ ЗА СИЛА

По интензивен тренинг за сила и вам и на мускулите ви треба одмор. За регенерација, неопходно е по тренинг да внесувате протеин и јаглехидрати.* Herbalife24® Rebuild Strength е шејк што се пие по тренинг, има неодолив вкус на чоколадо и обезбедува 25 грама протеин што придонесува за одржување и зголемување на мускулна маса. Оптимизирајте го процесот на регенерација со Herbalife24® Rebuild Strength.

* Kerksick et al. J Int Soc Sports Nutr. 2018;15(1):38. Kerksick et al. J Int Soc Sports Nutr. 2017;14:33.

Herbalife24 - линија за спортска исхрана формулирана за перформанси

ФОРМУЛИРАНИ ЗА ПЕРФОРМАНСИ. ПОТКРЕПЕНИ СО НАУКА

Подобрете ги своите перформанси, фитнес спремност и процес на регенерација со Herbalife24®. Нашата линија за 24-часовна спортска исхрана е дизајнирана за физички активни лица, за елитни спортисти и за оние што се трудат да имаат најдобри перформанси. Секој производ е развиен од стручњаци и е поткрепен со истражување што се базира на наука. Сите Herbalife24® производи се формулирани со висококвалитетни состојки и поминуваат строги процедури на тестирање за да ги исполнат и да ги надминат индустриските стандарди.

Herbalife24 - линија за исхрана сертифицирана од страна на Informed Sport

РАЗВИЕНИ ВО ЛАБОРАТОРИЈА. ДОКАЖАНИ ВО ПРАКСА

Сите Herbalife24® производи се целосно тестирани за забранети супстанции од независна трета страна. Програмата за потврда на квалитет Informed Sport потврдува дека примерок од серијата на производство на производите е тестиран за забранети супстанции во LGC, спортска антидопинг лабораторија од светска класа. Нашата линија Herbalife24® креира план за ефикасна спортска исхрана – опфаќа хидрација, протеин, јаглехидрати и клучни витамини и минерали. Нашата линија за спортска исхрана може да ја прилагодите според вашите конкретни потреби за тренинг. Тренирајте како спортист со спортска исхрана без компромис.

Herbalife24 - спортска исхрана за спортисти што се активни секој ден

100 % ДОВЕРБА КОГА СЕ НАТПРЕВАРУВАТЕ

Herbalife24® производите се редовно тестирани и следени за да ги исполнат бројните детални спецификации со цел да гарантираат стабилност на производот и дека сите состојки ги исполнуваат тврдењата наведени на етикетата. Нашето ветување е да им докажеме на спортистите и на тренерите дека може да им веруваат на нашите производи. Постигнете максимални резултати и регенерација со 100 % доверба во исхраната.

  

ЧЕСТИ ПРАШАЊА

П1: Како да направам ефикасен план на спортска исхрана?

Кога размислувате за најефикасни спортски производи што треба да ги користите кога вежбате, корисно би било да ги поделите во три групи: пред, за време на и по вежбање.

  • Подготовката на телото за тренинг е еднакво важна како и регенерацијата по тренинг. Исхраната што ја внесувате пред тренинг треба да го хидрира и да му даде енергија на телото.*
  • За време на тренинг треба да одржувате високо ниво на енергија, а воедно да останете хидрирани и да бидете снабдени со гориво.*
  • По интензивен тренинг или вежбање ви треба одмор и вам и на мускулите. Ефикасен план на исхрана за регенерација е рамнотежа од хидрација, протеин и јаглехидрати. Herbalife 24® Rebuild Strength содржи јаглехидрати и протеин, служи за опоравување и е наменет за користење по анаеробни вежби. Протеините придонесуваат за одржување и зголемување на мускулна маса.

 

П2: По што се разликува спортската од обичната исхрана?

Изгледа дека постои погрешно сфаќање дека спортската исхрана е само за професионални спортисти. Точно е дека спортистите тренираат напорно и нивните нутритивни потреби се многу големи, меѓутоа спортската исхрана се базира на цврстите темели на општата исхрана и затоа може да ја користи секој што е редовно активен.

Општата исхрана налага да се внесуваат одреден број калории и неопходни хранливи материи за да се извршуваат виталните функции во телото, и таа се одредува според индивидуалните нутритивни и фитнес цели.

На сличен начин функционира и урамнотежен план на спортска исхрана – што ги обезбедува потребните течности, храна и додатоци – во фокус е оптимално здравје, а покрај тоа обезбедува енергија за физичка активност, дава поддршка во процесот на регенерација и ги оптимизира адаптациите и перформансите при тренинг.***

  • Внес на калории што се состојат од соодветна количина макронутриенти: протеин, јаглехидрати, масти.
  • Правилна хидрација – ова е клучно за телото да функционира правилно. Кога пиете енергетски напитоци, водете сметка за кофеинскиот внес во текот на денот.**

П3: Што се тоа производи за спортска исхрана?

Исхрана и добар фитнес план одат заедно – без оглед на тоа дали сега го почнувате своето фитнес патување, дали вежбате редовно или сте спортист што работи на своите перформанси, ви треба оптимална исхрана што ќе ви дава поддршка во секое време. Нашата спортска линија Herbalife 24® ги има сите производи што ви се потребни за да се подготвите за тренинг, во текот на тренингот и за регенерација по тренинг. Производите од линијата може да ги користите според своите потреби врз база на вашиот распоред за тренинг. Подобрете ги тренинзите, перформансите и процесот на регенерација со нашата линија за 24-часовна спортска исхрана. Ви гарантираме дека секој производ од секоја серија е тестиран за забранети супстанции од независна трета страна. Ова може да го проверите со помош на серискиот број на производот на www.informed-sport.com.

 

П4: Кога треба да користам додатоци на спортска исхрана?

Не е важно само кои производи за спортска исхрана ги користите, туку и кога ги користите. Во зависност од вашите цели за исхрана и фитнес, за вашата рутина на вежбање може да биде потребно да користите одредени додатоци на спортска исхрана пред, за време на и по тренинг.* Нашата спортска линија Herbalife24® обезбедува нутритивна поддршка за спортисти што се активни 24 часа на ден™. Затоа може да ја прилагодите според вашиот спорт, тренинг, перформанси и потребата за регенерација.****

 

П5: Каде може да купам производи за спортска исхрана во Северна Македонија?

Herbalife24® производите се продаваат исклучиво преку мрежа на независни дистрибутери. Herbalife24® производите за спортска исхрана може да ги купите така што ќе стапите во контакт со еден од нашите независни дистрибутери (пополнете го формуларот за да најдете дистрибутер во вашиот регион) или ако сте Член, производите може да ги нарачате на страницата Myherbalife.com – официјална онлајн продавница на Herbalife Nutrition.

 

* Kerksick et al. J Int Soc Sports Nutr. 2018;15(1):38. Kerksick et al. J Int Soc Sports Nutr. 2017;14:33.

**Се препорачува да не се надминува вкупниот дневен внес од 400 mg кофеин од кој и да е извор (200 mg за бремени жени или за жени што дојат). EFSA NDA Panel, 2015. EFSA Journal 2015; 13( 5):4102, 120 pp.

***Thomas et al. J Acad Nutr Diet. 2016;116(3):501-528.

****Kim et al., Eur J Clin Nutr. 2007; 61(4): 536-541; Messaoudi et al., Eur J Clin Nutr. 2005; 44(2): 128-132; Miclo et al., FASEB J, 2001; 15(10): 1780-1782