Дали е Herbalife добар за мене?

Herbalife Nutrition користи процес за обезбедување квалитет на производите во 14 чекори така што користи природни состојки со цел и секој производ е внимателно направен

Да, Herbalife е добар за тебе. Квалитетна исхрана е во центарот на сѐ што правиме. Нашиот наградуван шејк Формула 1 како заменски оброк е формулиран со изолат на протеин од соја, што се смета за комплетен протеин и ги содржи сите есенцијални аминокиселини. Протеинот придонесува за зголемување и за одржување на мускулната маса и за одржување здрави коски.

Нашите шејкови како заменски оброк содржат и 25 клучни витамини и минерали, како што се: витамин Д што придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и витамин Ц што придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста.

Покрај нутритивната вредност на нашите производи, обезбедуваме и највисок квалитет преку бројни строги проверки, од изворот на состојките до финалниот производ, што опфаќа обезбедување квалитет, безбедност, наука, проверка од регулаторни тела, анализа на органолептичките својства и дизајн на етикетите. Ова го нарекуваме посветеност на процесот „Од семе до производ“.

Нашиот процес „Од семе до производ“ е систем за контрола на квалитет во 14 чекори.

Сè почнува со квалитетни состојки, од првите три чекори – засадување, обработка и берење. Со овие чекори потврдуваме дека целосно ги следиме активните состојки за нашите производи.

Потоа го почнуваме процесот на производство. Притоа користиме модерни техники на мешање, компресија, пакување и производство. Гарантираме дека клиентите секогаш ги добиваат истите висококвалитетни производи без разлика дали ги купуваат во Обединетото Кралство, во Франција, во Индија или во Мексико.

Сите наши објекти за производство и лаборатории ги задоволуваат или ги надминуваат стандардите за добра производна практика, а нашите светски лаборатории добија највисоко ниво акредитација, со што се потврдува дека строго се придржуваме до водечките индустриски стандарди.

Секоја од овие акредитации потврдува дека:

  • Акредитацијата (ISO) 17025 од Меѓународната организација за стандардизација потврдува дека лабораториските тестови на Herbalife Nutrition се точни и веродостојни.
  • Сертификатите од NSF International потврдуваат дека во производствените капацитети на Herbalife Nutrition сите наши производи се произведуваат согласно важечките прописи. Потврдуваат и дека производите и понатаму ги исполнуваат спецификациите и тврдењата наведени на етикетите.
  • Организацијата NSF потврдува и дека Herbalife24 производите не содржат супстанции што се забранети од страна на водечките интернационални спортски организации и лиги.
  • Алијансата за природни и здрави производи (NHP) потврдува дека Herbalife Nutrition користи алатки за тестирање на база на ДНК со цел да потврди дека секоја состојка ги содржи истите видови растенија и билки што се потребни за поддршка на тврдењата за здравје наведени на нашите производи.

Извор на содржина: https://www.herbalife.co.uk/faq/is-herbalife-good-for-me/