Дали е Herbalife пирамидална шема?

Ја објаснуваме најголемата разлика меѓу компанија за директна продажба и пирамидална шема

Не, Herbalife не е пирамидална шема. Herbalife е глобална компанија за директна продажба што постои повеќе од 40 години и работи во над 90 земји во светот. Развиваме и продаваме производи за исхрана и додатоци во исхраната преку мрежа од независни дистрибутери што добиваат опсежна обука и едукација за висококвалитетна исхрана. Овие независни дистрибутери им нудат индивидуализирана поддршка и насоки на своите клиенти, помош што често не се нуди во малопродажба или онлајн продажба. Милиони луѓе се дел од овој модел на продажба во светот.

 

Зошто Herbalife не е пирамидална шема?

Пирамидалната шема е нелегална поради лажната структура на компензација. Учесник во пирамидална шема заработува пари само кога регрутира други лица, со високи трошоци за зачленување, услови за понатамошна инвестиција, лажни информации и потреба од итна акција. По природа, пирамидалните шеми не се одржливи.

 

Еве ги причините зошто Herbalife не е пирамидална шема:

  • Herbalife независните дистрибутери добиваат компензација исклучиво за продажба на нашите производи. Не им исплаќаме компензација на нашите независни дистрибутери за претставување на брендот или регрутирање.
  • Herbalife има ниски почетни трошоци. Нашиот стартен пакет за независни дистрибутери содржи: брендирана чанта за преку рамо, кутија Формула 1 шејк како заменски оброк, шејкер, мерица и едукативни материјали. Кога ќе се зачленат независните дистрибутери добиваат пристап до онлајн обука.
  • Како дел од нашата Гаранција за Златен стандард, нашите независни дистрибутери добиваат и 90-дневна гаранција за враќање на средствата. Ова значи дека целосно ќе им бидат вратени средствата за стартниот пакет ако сакаат да го откажат членството.
  • Со 40 години искуство во директна продажба, Herbalife има опсежни политики за да им помогне на независните дистрибутери да градат одржлив бизнис.
  • Herbalife значително инвестира во истражување и развој. Во изминатата деценија инвестиравме над 300 милиони УСД во научен развој, во фабрики за производство и технологија, каде што спаѓа и купување опрема за напредно тестирање.
  • Herbalife има строги политики за да ги заштити сите независни дистрибутери и потрошувачи. Како дел од нашата Гаранција за Златен стандард, нашите независни дистрибутери имаат право да ја користат политиката за откупување на непродадени производи во рок од 12 месеци. Ова значи дека независните дистрибутери може да вратат дел или сите неискористени производи во рок од 12 месеци од купувањето на производите и средствата да им бидат целосно вратени.
  • Herbalife строго им препорачува на независните дистрибутери да не купуваат производи во големи количини. А ги спречуваме и новите независни дистрибутери да прават големи нарачки.

Herbalife независните дистрибутери работат независно, а ја избираат нашата линија наградувани производи како деловна можност. Тоа значи дека имаат слобода да водат свој бизнис под свои услови.

Според официјалниот веб-сајт на Асоцијацијата за директна продажба, 89 % од директните продавачи одлучуваат да работат хонорарно, односно бараат можност да заработат дополнителен приход покрај редовната работа.

Бизнис моделот на Herbalife им овозможува на независните дистрибутери да работат по свој распоред и со свое темпо. Им дава и можност да бидат во контакт со луѓе со слични сфаќања. Директната продажба бара труд. Нема ниту краток пат за брзо да се збогатите, ниту гаранција за успех.

Покрај тоа, не сите Herbalife независни дистрибутери се зачленуваат за да остварат дополнителен приход од малопродажба на производите. Најголем дел од нашите независни дистрибутери стануваат дел од Herbalife за да купуваат производи за лична употреба на попуст.

 

Извор на содржина: https://www.herbalife.co.uk/faq/is-herbalife-a-pyramid-scheme/.