Дали Herbalife дава резултати?

Herbalife Nutrition е број 1 бренд во светот за заменски оброци

Да, Herbalife дава резултати. Нашите независни дистрибутери им помагаат на милиони потрошувачи во светот да ги постигнат своите цели во однос на исхраната.

 

Дали Herbalife производите даваат резултати?

Да, Herbalife производите даваат резултати. Секој наш производ го истражуваме, го развиваме и го дистрибуираме со иста цел на ум – да ги подобриме навиките за исхрана во светот со вкусни нутриционистички производи поткрепени со наука. Ова е поткрепено со поддршка, поттик и заедница што нашите независни дистрибутери им ги обезбедуваат на секој свој клиент. Herbalife производите даваат најдобри резултати кога се користат во рамките на урамнотежена исхрана и како дел од здрав, активен начин на живот. Па затоа, нашите независни дистрибутери во светот им даваат поддршка на своите клиенти со индивидуализирани планови на исхрана и препораки за производи.

Или поедноставно кажано, им помагаме на луѓето во целиот свет да водат здрав начин на живот и да имаат урамнотежена исхрана.

Во 2020 г., 1,9 милијарди порции Herbalife протеински шејкови се продадени во целиот свет. Градиме долгорочни релации врз суштински елемент, доверба. Посветени сме да ја задржиме довербата така што инвестираме во квалитетот на нашите производи за милиони потрошувачи во светот.

 

Дали Формула 1 заменскиот оброк дава резултати?

Да, нашиот Формула 1 заменски оброк дава резултати. Кога се користат во комбинација со здрав, урамнотежен начин на живот, нашите шејкови како заменски оброци може да ви помогнат да имате целосна контрола врз вашите цели во однос на исхраната. Сите Herbalife Формула 1 производи како заменски оброци се формулирани во согласност со глобални и локални прописи. Во Европа, нашите производи се произведуваат во согласност со Регулативата 2016/1413 на Европската комисија, што детално ги утврдува условите за состав што производот мора да ги исполнува за да се квалифицира како заменски оброк за регулирање на телесната тежина.

Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) изврши независно испитување на заменските оброци во согласност со ЕУ директивата 96/8/EC за начин на исхрана со ограничен калориски внес и даде позитивно мислење (https://www.efsa.europa.eu/it/efsajournal/pub/1466).

Потоа, Европската комисија одобри две здравствени тврдења во врска со заменски оброци за намалување и регулирање на телесната тежина.

  • „Исхрана со ограничен калориски внес во која наместо еден класичен оброк ќе изедете заменски оброк помага да го задржиме резултатот откако сме ја намалиле тежината.“
  • „Тежината може да се намали со ограничување на калорискиот внес во исхраната во која наместо два класични оброци во денот ќе изедете два заменски оброци.“

 

Како знаеме дека Herbalife дава резултати

Знаеме дека Herbalife дава резултати затоа што им помогна на милиони корисници во светот да ги постигнат своите цели во однос на општата добра состојба и исхраната. Без разлика дали сакате да инспирирате други луѓе или ви треба помош, Herbalife ви нуди можност да станете дел од моќна заедница и да ги искористите придобивките од клинички докажани производи за исхрана.

 

Извор на содржина: https://www.herbalife.co.uk/faq/does-herbalife-work/.