Дали може Herbalife производите да предизвикаат оштетување на црниот дроб?

Herbalife Nutrition врши тестирања дали производите се во согласност со она што е наведено на етикетата

Не, Herbalife производите не предизвикуваат оштетување на црниот дроб. Секој ден, милиони потрошувачи безбедно ги користат Herbalife производите. Досега ниту се најдени хепатотоксини (познати и како хемиски супстанции што го оштетуваат црниот дроб) во нашите производи, ниту постои валиден доказ дека некој од нашите производи или состојки се поврзува со заболување на црниот дроб.

Всушност, нема доказ што поддржува тврдења дека консумирањето Herbalife производи може да се поврзе со заболување на црниот дроб или хепатитис кај претходно здрави лица.

Некои од нашите производи содржат состојки добиени од природни извори. Нашата програма „Од семе до производ“ потврдува дека сите Herbalife состојки поминуваат низ строг скрининг процес, поткрепен со научно истражување. Сите состојки добиени за нашите производи делуваат во комбинација со урамнотежена исхрана и здрав, активен начин на живот и поддржуваат нормална функција на телото. Нашите објекти за иновации и производство добија Сертификат за стандардот за безбедност и здравје при работа ISO 45001 од NSF-ISR.

 

Дали се вистинити тврдењата во врска со Herbalife производите и здравствените компликации?

Од 2005 г., 27 влади во светот ги истражуваа наводните тврдења дека Herbalife производите може да предизвикаат заболувања на црниот дроб. Заклучокот од ова истражување е дека нема налог за регулаторна постапка за Herbalife производите затоа што нема докази за поврзаност меѓу нашите производи и пријавените случаи на оштетување на црниот дроб.

Нашиот тим стручњаци соработува со претставници на владите и со клинички персонал така што обезбедува целосна транспарентност и пристап до досиејата на производите и нивните формули и состојки, и проактивно ги споделува резултатите од независни тестирања во врска со чистотата и интегритетот на производите.

Покрај тоа, откако нашите научни стручњаци и угледни независни стручњаци поднесоа деманти, многу од нив беа објавени во ценети, рецензирани списанија во бројни прилики.

 

Извор на содржина: https://www.herbalife.co.uk/faq/can-herbalife-products-cause-liver-damage/.